МВР и ЈО уапсија уште еден поранешен претседател на ФФМ: По Сејдини, дојде ред и на Ѓорѓиоски
- Aleksandar Santovski
- Jun 18
- 1 min read
18.06.2026 juni cetvrtok
МВР во координирана акција со Јавното Обвинителство го приведе Муамед Сејдини пред два месеци, а денеска пристигна информација дека уапсен е уште еден поранешен претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денешниот ден спроведува повеќе акции на разни локации во земјата во координација со МВР и Финансиската полиција, а дел од целата истрага е и Ѓорѓиоски.
Екс претседателот на ФФМ е уапсен и против него ќе се води правна постапка, откако се сомничи дека Ѓорѓиоски стекнал противправна корист за себе и фудбалската Федерација во периодот кога тој ја предводеше владеачката структура во „Куќата на фудбалот“.
Против Ѓорѓиоски беше поднесена кривична пријава за даночно затојување, фалсификување и уништување на деловни книги уште во 2019-та година, а во прикажаната пријава за неточни податоци, УЈП информираше дека е стекната противправна имотна корист од 1.680.912 денари на почетокот на 2020-та година.
Надлежните институции засега не откриваат детали за целата истрага која се спроведува, но во наредниот период се очекува да има официјално соопштение од МВР и Јавното Обвинителство.







Comments