Мбапе: Јас ја заслужувам Златната топка
- Aleksandar Santovski
- Jun 20, 2023
- 1 min read
Килијан Мбапе имаше добра индивидуална сезона во која успеа да даде 54 голови за Пари Сен Жермен и француската репрезентација, но кога е во прашање колективот резултатите не се најдобри затоа што само се израдува на трофејот во Лига 1. Меѓутоа напаѓачот е оптимист и смета дека би бил достоен, заслужен освојувач на најпрестижната награда „Златната топка“ за оваа година. -Златната топка? Секогаш е тешко да се зборува за индивидуален трофеј, затоа што треба да се ставите во прв план. Тоа е нешто што не оди добро кај пошироката јавност. Дали ја заслужувам Златната топка? Со новите критериуми, што се брои? -Да привлечете внимание, постигнување голови и влијание? Мислам дека одговарам на тие критериуми. Би рекол да, но луѓето се тие што гласаат и јас сум секогаш оптимист, -порача Килијан за „ТФ1“.

Comments