Мбапе се сретна со новото француско кошаркарско чудо: Разликата е „само“ 43 сантиметри
Тимот на Сан Антонио Спарс го доби „џек-потот“ НБА лотаријата, поточно ја доби можност прв да бира на драфтот што значи е во пол позиција да го ангажира новото кошаркаско чудо, Виктор Вембањама.
Виктор е висок 221 сантиметар што во ви требало да значи дека е класичен центар, но тој има способности и на плејмејкер, знае фантастично да ја изнесе топката, да дрибла, погоди од секоја позиција и многу се очекува од него.
Треба да се случи нешто неочекувано тој да не заврши во Сан Антонио каде во поновата историја голема трага оставија неговите сонародници Тони Паркер и Борис Диао.
Килијан Мбапе беше еден од гостите на Венбањама при драфт лотаријата, двајцата имаа можност да се поздрават, поразговараат, средба која стана хит на социјалните мрежи поради разликата во висина. Мбапе изгледа како мало дете покрај сонародникот, разликата во висина е „само“ 43 сантиметри.
Comments