top of page
Search

Мбапе позираше со „деветката“, Перез му врачи три подароци (Фото)

16.07.2024 Juli Vtornik

Килијан Мбапе ги мина медицинските прегледи и веќе е на „Сантијаго Бернабеу“, каде на половина час пред да излезе на теренот, го потпиша петгодишниот договор со „кралскиот клуб“.

Француската суперѕвезда парафираше заедно со Флорентино Перез и стави крај на драмата која траеше неколку години, бидејќи не треба да се заборави дека Килијан еднаш самиот го одложи пристигнувањето во Реал.

Откако стави потпис на договорот, Мбапе позираше и со „деветката“ која ќе ја носи на својот грб, но доби и три подароци од најважниот човек во клубот.

Перез очигледно му прости на Мбапе за невкусната игра која му ја приреди пред две години, па реши да му даде нова шанса да го носи дресот на Реал Мадрид.

По потписот, Флорентино му подари часовник, реплика од „Сантијаго Бернабеу“ и еден дрес со „деветката“, истиот со кој се очекува да излезе на теренот.


3 views

Kommentare


bottom of page