Мбапе има луда понуда на маса, може да падне рекордот на Нејмар
Килијан Мбапе има уште една година од договорот со Пари Сен Жермен, а тоа е проблематично за „светците“ од проста причина што играчот не сака да ја продолжи соработката, а тие пак од друга страна не сакаат во 2024 година да го загубат без никакво обештетување.
Затоа се води „војна“ меѓу двете страни, а излез од истата нуди Ал Хилал од Саудиска Арабија. Имено клубот од Блискиот Исток е подготвен да постави нов рекорд, да ги надмине 222 милиони евра што своевремено ПСЖ и ги плати на Барселона и тоа со сума од 300 милиони евра.
Тоа се информациите кои ги пренесуваат добар дел од светските медиуми, новинари со тоа што во истите има и вести дека на Мбапе ќе му бидат даде 700 милиони евра за само една година.
Со оглед на тоа што е веројатно напаѓачот во 2024 година да слета на „Сантијаго Беранбеу“, арапите се спремни да го имаат само една сезона за која ќе издвојат неверојатно богатство.
Играчот засега не е во контакт со Ал Хилал, но времето ќе покаже дали тоа ќе се промени, дали Французинот ќе оддолее на сумата на пари од која боли глава.
Comments