Мбапе има две понуди, Реал веќе не му ја нуди истата плата
Килијан Мбапе неколку години наназад е актуелен во летните преодни рокови, а така ќе биде и годинава, бидејќи му истекува последниот договор со ПСЖ.
Од почетокот на годинава поради тој аспект и други клубови имаат право да преговараат со Французинот, а тој покрај новата понуда од актуелниот клуб, на маса има и конкретен предлог за трансфер од Реал Мадрид.
Не е тајна дека Реал преговораше со Мбапе изминатите години и дека се уште сака да го доведе во шпанската престолнина, но „ЕСПН“ тврди дека клубот го променил пристапот на оваа тема.
Поточно, Реал веќе не му ја нуди платата која претходно му ја имаше понудено на Мбапе, иако тој повторно би бил најплатен играч на екипата.
Угледниот медиум тврди дека Реал не сака Мбапе да има драстично поголема плата во однос на во моментов најплатените Винисиус и Џуд Белингам, па со тоа автоматски е намалена и понудената годишна плата во понудата.
Двоецот на Реал заработува по околу 10,5 милиони евра, додека платата на Мбапе во ПСЖ изнесува 37 милиони евра.
Comments