top of page

Мбапе излезе со своја верзија за нестварната вест која ја пренесе угледната „Марка“

25.03.2026 Mart Sreda

Килијан Мбапе луташе во празно од почетокот на месец јануари со својата повреда на коленото, но откако беше приморан да паузира и да отпатува на „второ мислење“ во Париз, денеска беше пренесена сензационална информација за неговата состојба.

„Радио Монте Карло“, а потоа и угледната „Марка“ пренесоа дека лекарскиот тим на Реал Мадрид направи несфатлив гаф и му прегледувал погрешно колено на Мбапе, па наводно поради тоа му била утврдена и погрешна дијагноза во обидот да се рехабилитира од повредата.

Оваа вест пристигна како голем шок и беше пренесена од цела шпанска јавност, но веќе вечерва пристигна демант, и тоа од самиот напаѓач.

Мбапе информираше дека не дошло до бизарна грешка како што тврдат угледните медиуми, но презема дел од одговорноста поради фактот што не беше целосно објективен при давањето изјави за својата состојба.

– Информацијата која протече во јавноста, а која вели дека ми прегледале грешно колено, едноставно не е вистинита. Можеби сум индиректно одговорен за шпекулациите кои се појавија. Кога нема доволно добра комуникација, медиумите знаат да го искористат тоа за вакви моменти. Кога е во прашање Реал Мадрид, секогаш имавме јасна и отворена комуникација. Кога се повредив во јануари, сите мислеа дека сум единствено решение за тимот, но се покажа дека не е баш така.

– Најважно е што сега сум добро и немам проблеми. Се фокусирам на сегашноста и на блискатата иднина. Најдобра вест е што ми се добри и двете колена, – со насмевка и со доза на сарказам заврши Мбапе.


 
 
 

Comments


bottom of page