Мбапе за најтешкиот пораз во кариерата: Сакав да бидам сам, сакав да плачам (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Sep 9, 2022
- 1 min read
Килијан Мбапе иако има само 23 години веќе некое време е меѓу најдобрите светски фудбалски имиња, ас кој е клучен играч како во Пари Сен Жермен така и во француската репрезентација.
Секое фудбалско патување си носи предизвици, пречки, неупеси кои болат, но сето тоа е дел од процесот. Мбапе во досегашната кариера има забележано многу успеси како на клупски така и на репрезентативен план, ама има и еден пораз кој е специфичен, болен за него, пораз кој не може да го заборави.
Тоа е загубеното финале со ПСЖ во 2020 година кога од нив подобар беше составот на Баерн Минхен.
-Кога загубив со ПСЖ во ЛШ. Загубивме во финалето. Ја завршувате играта, го земате медалот и го гледате пехарот, но тој не е за вас. Тоа е чудно чувство, но тоа е животот. Да бидам искрен, сакав да плачам. Само сакаш да плачеш. Сакате да бидете сами. Ама тоа е дел од вашата историја и треба да се подобрите за да се вратите и да победите, -порача ѕвездата на „светците“.

Comments