Мбапе го шокирал ПСЖ, „светците“ се подготвени да донесат голема одлука
Килијан Мбапе од 2017 година го носи дресот на Пари Сен Жермен, период во кој успеа да ги освои сите трофеи со клубот со исклучок на оној од Лигата на шампионите. Токму поради ова минатата година беше многу блиску до заминување од Франција, но во последен момент се случи пресврт и тој потпиша нов договор со светците или поточно „2+1“. Оваа потпишана соработка најверојатно ќе донесе голем потрес на „Паркот на принцовите“ затоа што Мбапе го информирал клубот дека не планира да ја искористи таа дополнителна година. Ваквиот став секако бил изненадувачки за „светците“ кои сега ќе мора да донесат голема одлука затоа што тие не сакаат да го загубат Мбапе без никако обештетување. Тоа ќе се случи ако ја одработи следната кампања, па „Л’Екип“ пренесува дека ПСЖ е спремен за продолжба на францускиот репрезентативец. Ова е нова ситуација, најава за драма, но и голем трансфер кој би можел да се реализира во летниот преоден рок. Реал Мадрид е тимот со кој Килијан долго време се поврзува, па останува да се види дали Флорентино Перез ќе се впушти во акција за ангажман на голгетерот.
Comments