top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мајсторијата на Родри го отвори европското дерби на „Итихад“ (Видео)

Дерби пресметката меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен се очекуваше веќе извесно време, а по крајот на првиот дел, домашниот тим сосема заслужено има предност.

Сити ја диктираше играта во првите 45 минути и покажа повеќе желба да го напаѓа противничкиот гол, пристап кој донесе и резултат за тимот на Пеп Гвардиола.

Причина за тоа е моментот на инспирација кој го имаше Родри, кој постигна еден од најубавите голови во својата играчка кариера.

Шпанецот го извади од игра Мусиала кој се залета во обидот да помогне во одбрана, а потоа испрати неодбранлив и перфектен удар со својата послаба лева нога.

Парадата на Зомер само го разубаве ремек-делото на играчот за врска, кое засега прави разлика на големото европско дерби во Лигата на шампионите.



0 views

Comments


bottom of page