Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал
- Aleksandar Santovski
- 1 day ago
- 1 min read
24.04.2025 April Cetvrtok
Карло Анчелоти ги измеша картите и одмори дел од стандардните стартери мислејќи на финалето против Барселона во Копа дел Реј, па така вечерва место во првите 11 добија играчи Арда Ѓулер, Брахим Дијаз и Ендрик.
Оваа постава на Карлето не потфрли во првиот дел на гостувањето кај градскиот ривал Хетафе и Реал беше далеку подобар ривал во овој период, а од 21-та минута имаше и водство благодарение на голот на Арда.
Турчниот режираше мајсторија со својата послаба десна нога и испрати неодбранил удар во мрежата на домашниот тим, кој во првиот дел едноставно не можеше да парира и да го следи ритамот на „кралевите“.
Во вториот дел тренерот Бордалас направи неколку измени и Хетафе заигра далеку поофанзивно, па тоа го принуди Реал грчевито да го брани водството, а на крајот да се потпира и на класата на Тибо Куртоа.
Белгиецот со две одлични одбрани не дозволи израмнување во самата завршница, а со тоа направи мајсторскиот гол на Арда да биде клучен за победа и важни три бода во битката за титулата во Ла Лига.
По вчерашната победа на Барселона, Реал се врати на „минус четири“, па сега во фокусот на јавноста дефинитивно ќе биде големото „Ел Класико“ дерби кое се игра во Севилја претстојнава сабота.

Comments