top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мајски оперски вечери: „Заспаната убавица“ – безвремен класичен балет

16.05.2024 Maj Cetvrtok

Безвременскиот, волшебен класичен балет „Заспаната убавица“, преточен во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски, ќе се изведе вечерва со почеток во 20 часот во Националната опера и балет во рамките на меѓународниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“

Диригент на претставата е гостинот од Египет, Најер Нагуи, главен диригент на оркестарот на операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор, Јане Бакевски, соло-виолина: Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов.

Во главните улоги ќе настапат балетските ѕвезди од Софиската опера и балет: Марта Петкова и Никола Хаџитанев, добитници на голем број на престижни награди и признанија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.


0 views

Comments


bottom of page