Мајкл Џеј Фокс нема тажен живот и покрај Паркинсоновата болест
Мајкл Џеј Фокс инсистира на тоа дека животот не му е тажен иако има Паркинсонова болест. На 61-годишниот актер му беше дијагностицирано нарушување на мозокот – што предизвикува неконтролирани движења, како што се тресење, вкочанетост и тешкотии со рамнотежата и координацијата – кога имал 30 години. Но, додека ја примаше наградата за животно дело на „Mувинг имиџ авордс 2023“, тој нагласи дека сè уште има многу прекрасни работи во животот вклучувајќи ги и сопругата Трејси Полан и нивните деца. „Имам толку многу убави работи во мојот живот, Трејси и Акина и Шајлер, и Сем и Есмеј, кои не се тука“, рече тој. „Немам плачлив, тажен живот. Се случи ова, што навистина е грозно нешто, но ме стави во позиција да правам други работи, кои беа ефективни. Но, она што ми се допаѓа во врска со седењето тука вечерва е дека се однесува на глума и на филм, а јас сакам глума и сакам филм“.
Comments