Мајкл Џеј Фокс настапи заедно со Стинг на хуманитарна гала
25.10.2021 Oktomvri Petok
Мајкл Џеј Фокс излезе на сцената за да настапи заедно со рок-легендата Стинг на галата за собирање средства за истражување на Паркинсонова болест во Њујорк во саботата. 60-годишниот актер беше на сцената со музичката икона (70) на неговиот настан за прибирање средства, A Funny Thing Happened on the Way to Cure Parkinson, што се одржа во салата „Фредерик П. Роуз“ во центарот „Линколн“. Настанот го водеше Денис Лири, а настапи и Бред Пејсли. Други значајни имиња меѓу присутните беа режисерот Спајк Ли, актерките Џулијан Мур и Џулијана Маргулис и НБА-ѕвездата Блејк Грифин. Ѕвездата на „Враќање во иднината“, кому му беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991 година, собра повеќе од 1 милијарда долари за истражување на Паркинсон преку својата добротворна организација во повеќе од 20 години постоење.
Comentários