top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мајкл Фокс доби почесен „Оскар“

Американскиот актер Мајкл Фокс, кој публиката го памети по улогите во ТВ-комедијата „Семејни врски“ и трилогијата „Враќање во иднината“ во 80-тите, доби почесен „Оскар“. Наградата ја доби за неговото залагање и вложен труд да собере 1.5 милијарда долари за истражување на Паркинсоновата болест.

Инаку, на Фокс на 29-годишна возраст му била дијагностицирана Паркинсонова болест, нервно нарушување кое предизвикува тремор и други симптоми. Откако се повлече од актерството во 2000 ја основа Фондацијата „Мајкл Џеј Фокс“ за истражување на Паркинсон, со цел да помогне во финансирањето на потрагата по лек.

„Стојам овде понизно, прифаќајќи ја вашата добрина“, рече канадскиот актер на сцената на годишните награди на гувернерот, каде што доби силни аплаузи од повеќето врвни ѕвезди, меѓу кои Том Хенкс и Џенифер Лоренс.


1 view

Comments


bottom of page