Мајкл Китон се враќа како негативец во „Спајдермен“
Уште еден негативец се враќа во продолжението на „Спајдермен“, и тоа не е никој друг, туку Мршојадецот. Ликот последен пат беше виден во „Спајдермен: Враќање дома“ (Spider-Man: Homecoming) и ќе се појави во претстојниот „Морбиус“. Во интервју кај „Џими Кимел лајф“, Мајкл Китон откри дека следните неколку дена ќе снима како негативец. „Нешто како Мршојадецот“, навести тој. Иако не наведе кој филм го снима, фановите нагаѓаат дека тоа би можело да биде „Морбиус“, најновиот во сагата за суперхеројот човек пајак или некоја завршна сцена за „Спајдермен: Далеку од дома“ (Spider-Man: No Way Home), чија премиера е закажана за 17 декември. „Морбиус“ ја пренесува приказната за биохемичар што се обидува да ја излекува својата ретка болест со експериментални лекови, комбинира терапии со вампирски лилјаци. Резултатите од лекувањето се очекувано катастрофални и доктор Морибус се претвора во жив вампир со натчовечка сила и можност за самоизлекување. Оскаровецот Џаред Лето го потретира мистериозниот антихерој Мајклс Морбиус, еден од најконфликтните и најубедливи ликови на „Марвел“. Филмот доаѓа на големото платно в година.
Comments