top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мајкл Кејн продава вредни сувенири од својата кариера

Мајкл Кејн продава на аукција вредни предмети поврзани со долгата актерска кариера. Актерот ветеран и неговата сопруга Шакира ќе продаваат на аукција филмски постери, реквизити и уметнички дела во лондонската аукциска куќа „Бонамс“ бидејќи планираат да се преселат. „Ќе биде прилично тешко да се разделам со толку многу драгоцени делови од мојот живот и кариера, но право време е да продолжам понатаму,“ рече Мајкл (88). „Се надевам дека овие спомени ќе им дадат на нивните нови сопственици исто толку задоволство како што ни приредија нам.“ Меѓу предметите што се на продажба се два пара препознатливи очила на Кејн и рачен часовник „Ролекс“, кој се очекува да се продаде за 12.000 фунти (22.090 американски долари). Режисерското столче од филмот Get Carter од 1971 година, во кој Мајкл ја играше главната улога, исто така се очекува да се продаде за повеќе од 1.000 фунти. Mеѓу предметите ќе има и негов портрет, уметнички слики со поценета вредност од 50.000 фунти, како и плакати од негови филмови од 1960-тите.


3 views

Comments


bottom of page