Мајк Тајсон остро ја критикува серијата заснована на неговиот живот
26.02.2021 februari petok Мајк Тајсон силно се спротивстави на најавената серија на стриминг-платформата „Хулу“, базирана на неговиот живот. Серијата „Железниот Мајк“, која беше најавена претходно во четвртокот, доби нарачка од осум епизоди во стримерот, а наводно, го истражува животот и кариерата на Тајсон во и надвор од рингот. „Најавата на Хулу да прави неовластена мини-серија од приказната за Тајсон без надомест, иако неприкладна, не е изненадувачка“, објави Тајсон на Инстаграм. „Оваа најава за социјалните разлики во нашата земја е одличен пример за тоа како корпоративната алчност на Хулу довела до вакво, без слух, присвојување на животната приказна на Тајсон“, напиша боксерската легенда. Тој додаде: „Да се даде ваква најава за време на Месецот на афроамериканската историја, февруари, само ја потврдува грижата на Хулу за долари пред почитувањето на правата на црнците.“
Comentarios