top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Матиќ: Ако има правда, натпреварот ќе почне со пенал за Србија (ФОТО)

Србија и Швајцарија оваа вечер играат меч да се биде или не на Светското првенство, односно за пласман во нокаут фазата.

Ова се селекции кои добро се познаваа, селекции кои имаа дуел на претходниот Мундијал во Русија каде Швајцарија славеше со 2-1. Токму тој меч беше инспирација за ветеранот Немања Матиќ да ја загрее атмосферата со една фотографија и порака на социјалните мрежи.

-Ако има правда, натпреварот ќе почне со пенал за Србија, -напиша Немања алудирајќи на ситуацијата од преткодното првенство кога судијата Феликс Брих не се одлучи да досуди удар од 11 метри за нашиот северен сосед.


0 views

Comments


bottom of page