top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Матеус: Крос повеќе не е класа, додавањата му се бавни

19.07.2021 Juli Ponedelnik

Германија немаше успешен настап на Европското првенство иако успеа да ја мине групата на смртта, а еден од играчите кој заработи најмногу критики е Тони Крос. Според многумина Крос одиграл под своето ниво, а имаше и такви кои беа побрутални со коментарите, анализи, па така Ули Хенес порача дека за игралот за врска нема место во денешниот фудбал. Со размислувањето на Хенес се согласува и легендарниот Лотар Матеус кој е познат како човек без влакна на јазикот, односно за него Тони повеќе не класа фудбалер. -Крос повеќе не е класа на меѓународно ниво. Немам ништо лично против Крос, но не се согласувам со начинот на кој играше. На ЕП видовме дека не е сè во брзината на играчите, туку и во брзината на топката. Тој е добар на еден или два допира, но кога ја додава топката, повторно губи на брзина, бидејќи неговите топки не создаваат простор, а неговите додавања се бавни, -вели Матеус. Тони на клупско ниво ги освои сите можни трофеи, додека пак со репрезентацијата најголем успех му е триумфот на СП во 2014 година.


1 view

Comments


bottom of page