top of page

Матета со лоб магија на „Емирејтс“ го приближи Ливерпул до титулата (Видео)

24.04.2025 April Cetvrtok

Навивачите и играчите на Ливерпул можеа да почнат со шампионското славје уште оваа вечер, но за такво сценарио беше потребно Арсенал да загуби од Кристал Палас, нешто што сепак не се случи вечерва на „Емирејтс“.

Актуелниот лидер во Премиер лигата ќе почека уште неколку дена до официјална прослава на титулата во домашното првенство, но играчите на Кристал Палас се погрижија „црвените“ да бидат уште поблиску до такво нешто, бидејќи останаа непоразени на „Емирејтс“.

Арсенал на двапати водеше со 1:0 и 2:1, но на крајот беше зрел да прими и трет гол откако фудбалска мајсторија изведе Матета.

Напаѓачот на Кристал Палас режираше лоб магија за 2:2, а во судиското продолжение, гостите беа поблиску до трет гол и победа, отколку фаворитот на овој натпревар.

Пред мајсторијата на Матета, Арсенал двапати водеше со головите на Кивиор и Тросар, додека првиот гол за гостите го постигна Езе исто така на атрактивен начин по изведен корнер.


 
 
 

コメント


bottom of page