top of page

Математичкиот гениј Македон Димитровски завиен со македонското знаме гo прослави пехарот во Несебар

03.07.2025 juli Cetvrtok

Македон Димитровски уште еднаш докажа дека е вистински математички генијалец.

Надареното момче, кое често е нарекувано „чудо од дете“, освои пехар и медали. Тој учествуваше на два интернационални турнири во Несебар, Бугарија. На натпреварите имаше 875 учесници од 14 земји, што го прави неговиот успех уште поголем.

Неговиот татко Владимир со гордост ја сподели веста на социјалните мрежи. „Македон уште еднаш го прослави името на Македонија. И го виореше македонското знаме во Бугарија,“ напиша тој, детално набројувајќи ги успесите.

Македон ја доби престижната титула „Математичка ѕвезда на турнирот“. Тој освои и пехар за освоено трето место во купот на „Математика без граници“. Исто така, освои и сребрен медал по алгебра. И бронзен медал на основниот турнир. „Браво Македон, горди сме на тебе,“ завршува објавата на неговиот татко.


 
 
 

Comments


bottom of page