top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Маските не може да ги спречат Џенифер Лопез и Бен Афлфек да си разменат нежности

16.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Им беа потребни 17 долги години за да ја обноват својата романса и сега кога Џенифер Лопез и Бен Афлек, конечно, го направија тоа, изгледа дека напорно работат за да го надоместат изгубеното време. Вљубениот пар не се разделува. Минатата недела тие се појавија на филмскиот фестивал во Венеција, а во понеделникот заедно позираа на модниот настан „Мет гала“ во њујоршкиот музеј „Метрополитен“. Ако некој се сомневаше во нивните искрени љубовни намери, Бенифер целосно ги разубеди со своите необични и спонтани потези. Имено, медиумите го објавија инстинктивниот потег на Бен со кој ја заштити својата сакана од луд обожавател на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција по враќањето од филмскиот фестивал. Обожавателот премногу ѝ се доближил на Џенифер обидувајќи се да ја допре и да направи селфи со неа, но Бен реагирал бргу и го спречил. Инстинктивниот потег да ја заштити својата сакана многу корисници на социјалните мрежи го опишаа како романтичен и чист доказ дека Бен навистина ја сака својата девојка. Сепак, последниот потег на Бенифер кога се појавија заедно на „Мет гала“ збуни многумина. Бен и Џенифер излегоа одделно на црвениот тепих, а потоа, по средбата пред камера во затворен простор, одлучија да си разменат нежности – со заштитни маски на лицата. Тие се гушнаа, а потоа се бакнаа преку маските, што одговараа на нивната облека. Многумина го прогласија овој чин пред камерата за најимпресивен момент на модниот настан. „Сликата вреди илјада зборови“, пишува во веб-изданието на „Вог“.



1 view

Comments


bottom of page