top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Марфи ги издвои екипите од кои ќе се бара шампионот во ЛШ

14.09.2021 Septemvri Vtornik

Започнува новата сезона во Лигата на шампионите, сезона во која титулата ќе ја брани премиерлигашот Челси.

Пред нас се доста возбудувања, натпревари во кои вкупно 32 екипи ќе дадат се од себе за да остварат што подобри резултати и стигнат што подалеку во елитното натпреварување.

Меѓутоа повеќе од јасно е дека не сите тимови влегуваат со исти амбиции, па секако најинтересни за јавноста се оние кои имаат квалитет, потенцијал да дојдат до самиот крај, да ја нападнат титулата.

Некогашниот англиски репрезентативец Дени Марфи за „Дејли Мејл“ имаше можност да зборува за ЛШ и тој ги посочи клубовите од кои според него може да се бара шампионот во натпреварувачката 2021/2022.

-Лично мислам дека победникот ќе биде еден од оваа шестка-Манчестер Сити, Ливерпул, Челси, Баерн Минхен и ПСЖ, плус Атлетико како аутсајдер затоа што Диего Симеоне има играчи како Суарез и Гризман кои можат да решат натпревари покрај извонредниот тимски дух што го негува.

-Но ако ги прашате самите менаџери, би кажале Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, па дури и Јувентус ќе си даде шанса. Јувентус ги има победниците на ЕП како Кјелини, па затоа можете да видите зошто веруваат дека се конкурентни, но во италијанската репрезентација ги имаа и Верати, Жоржињо и Донарума да помогнат, -вели некогашниот играч на Ливерпул.


3 views

Comentários


bottom of page