Мартинез: Ова е пораз кој боли, загубивме поради наши грешки!
Аргентина доживеа неочекуван и тежок удар на самиот почеток на Светското првенство, пораз од аутсајдерот Саудиска Арабија од 2-1.
„Гаучосите“ влегоа во овој меч без пораз од 2019 година, се одеше како што треба во првиот дел во кој поведоа со 1-0, но имаа и три гола кои им беа поништени поради офсајд. Второто полувреме беше за заборав, набрзина противникот даде два гола и го свре резултат, шок по кој избраниците на Скалони не се вратија и најдобар доказ се шансите кои ги имаа што е многу скромно за селекција од таков калибар.
-Јасно е дека го загубивме натпреварот поради наши грешки… Ова е Светско првенство. Мораме да се одмориме и да размисливаме за тоа што следува. Денеска имавме тежок ривал. Ова е пораз кој боли. Сакавме да го започнеме ова Светско првенство со победа… Мораме да се коригираме, да се одмориме, да тренираме и да размислуваме за двата натпревари што следуваат, -порача Лаутаро Мартинез кој немаше денеска среќа со офсајд ситуациите.
Шампионот на Јужна Америка во следното коло се соочува со Мексико.
Comments