Search
Марота потври кога пристигнува Лукаку
- Aleksandar Santovski
- Jun 28, 2022
- 1 min read
Изврнишиот дирекотр на Интер, Џузепе Марота уште еднаш потврди дека Ромелу Лукаку и дефинитивно ќе игра во италијанскиот тим следната сезона. Интер се договорил со Челси за едногодишна позајмица на Лукаку без задолжителен откуп на неговиот договор, па Белгиецот по само една сезона ќе се врати на „Џузепе Меаца“. Марота во интервју за италијанските медиуми потврди дека Лукаку ќе пристигне во Милано во текот на вечерашниот ден. – Тој веројатно ќе пристигне во текот на вечерашниот ден, – кратко искоментира Марота. Веќе во среда Лукаку ќе ги мине медицинските прегледи, а потоа ќе биде претставен како „старо- нов“ играч на Интер.

Comments