top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Марокански репрезентативец „заглави“ во тоалет и го одложи стартот на второто полувреме (Видео)

Хрватска и Мароко разочараа на првиот натпревар кој се одигра во групата Ф и ги оставија фановите покуси за вистинско фудбалско уживање, па во такви услови, најголемо внимание привлече една урнебесна ситуација пред почетокот на второто полувреме.

Кога се беше подготвено за игра, судијата Рапалини забележа дека Мароканците имаат еден играч помалку на теренот и во тој момент настана мала конфузија на теренот.

Играчот кој недостасуваше и кој сите мораа да го чекаат беше Софијан Амрабат, кој според информациите од медиумите во Мароко, имал повик од прирордата и „заглавил“ во тоалет повеќе од предвиденото.

Фудбалерот на Фиорентина се појави на терен со насмевка на лицето бидејќи му беше јасно дека сите го чекаат само него на теренот, па со мало задоцнување беше означен старт на вториот дел.

Во вторите 45 минути, Амрабат беше еден од најагресивните играчи на Мароко, па во такви услови заработи и жолт картон во 78-та минута.



1 view

Comments


bottom of page