Search
Марковски ќе биде тренер на новиот суперлигаш Мулти Есенс
Ракометниот клуб Мулти Есенс обезбеди влез во македонската машка Супер лига, а првата сезона во најквалитетното друштво ќе ја игра под водство на докажано ракометно име.
Нов тренер на клубот ќе биде Иван Марковски, поранешен македонски репрезентативец, кој одамна влезе во тренерските води и има значително искуство зад себе.
Марковски во својата тренерска кариера има водено екипи од Франција, Кина и од Катар, а беше тренер и на македонските тимови ХЈС Работник и РК Металург.
Помошник на Марковски во Мулти Есенс ќе му биде Миле Бочкаровски.
РК Мулти Есенс зад себе има сезона без пораз, по која заслужено избори место во најелитното македонско натпреварување.
Comments