Маркињос откри дека Луис Енрике беснеел на полувреме на „Паркот на принцовите“
15.02.2024 februari Cetvrtok
Реал Сосиедад целосно го надигра ПСЖ во првиот дел и заслужи да води на „Паркот на принцовите“, но шпанскиот тим плати за своето неискуство во најелитното натпреварување и во вториот дел прими два гола.
Баскијците го примија првиот гол додека десниот бек Траоре беше надвор од теренот, па од овој момент почна нивниот пад и на крајот можат да бидат среќни што завршија само со два гола во мрежата.
Луис Енрике по натпреварот не штедеше пофалби за Сосиедад и нагласи дека шпанскиот претставник им нанел огромни проблеми, а играчите на ПСЖ открија дека нивниот тренер буквално беснеел во соблекувалната на паузата меѓу двете полувремиња.
Искусниот Маркињос посочи дека говорот на Лучо ги натерал фудбалерите да излезат со целосно друг пристап во вториот дел, што на крајот резултираше и со триумф за фаворитот.
– Навистина многу страдавме во првиот дел, Сосиедад не притисна и не можевме да направиме ништо. Тие многу добро се движат и знаевме дека ќе биде тешко. Разговаравме на полувреме и тренерот ни одржа лекција. На еден начин, како да добивме „заушки“ од него и после тоа, се беше подобро. Нема да ви кажам што ни кажа и како реагираше, но вистина е дека беше многу бесен. Секогаш ни ја кажува вистината во лице, а тоа направи да бидеме многу подобри во вториот дел, – изјави Маркињос.
Comentários