Маркез ќе ја прескокне и омилената трка во Мото ГП
- Aleksandar Santovski
- Apr 11, 2023
- 1 min read
Марк Маркез беше недопирлив на трката за Големата награда на Остин пред да забележи двојна фрактура на раката, но иако беше предвидено оваа година да настапи во Америка, сепак времето се покажа како прекратко за да се рехабилитира од новиот удар.
Шпанецот направи хаос на првата трка во новата сезона и заработи скршеница на подлактицата, а и покрај тоа што беше предвидено дека нема да настапи само во Аргентина, сега ќе пропушти уште еден викенд.
Со ова, шансите за шампионска титула значително се намалуваат кај осумкратниот првак во мотоциклизам, но како што вели самиот, здравјето во овој момент е во прв план.
– Самошто ми направија детални прегледи и се виде дека коската се уште е во процес на консолидирање. После советите со медицинскиот тим, одлучивме да не преземаме ризик.
– Поради тоа, нема да возам во Остин. Ќе продолжиме да работиме и да се рехабилитираме за да се вратам на мотоциклот што поскоро. Се гледаме наскоро, – порача Маркез.

Comments