top of page

„Марка“: Барселона прецрта еден играч за врска и ќе чека понуда од 30 милиони евра

11.06.2026 Juni Cetvrtok

Барселона важи за колектив кој има најмногу избор во средниот ред, а во таква ситуација, Ханси Флик не може да биде праведен кон сите фудбалери кои ги има на располагање.

Ако пред една година најголемо откровение во стартниот тим на Германецот беше Касадо, младиот играч за врска во сезоанта која измина не добива шанса како обично, па тоа што се шпекулираше и минатото лето, по се изгледа ќе се реализира во раната фаза на новиот летен преоден рок.

Барселона мора да продаде некој фудбалер со цел да размислување на засилувања во ростерот во стилот на Гордон, па како што јавува „Марка“, прво име кои и дефинитивно е прецртано од спортскиот сектор е Касадо.

Имено, самиот фудбалер не гледа простор за развој во толку силна конкуренција каква што има во Барселона, а поради тоа побарал од неговиот агент Жорже Мендеш да му пронајде нова средина.

Угледната „Марка“ информира дека Барселона е подготвена да слуша понуди за својот фудбалер, со тоа што ќе ја прифати онаа опција која ќе достигне 30 милиони евра.

Според информациите на „Марка“, агентот Мендеш веќе има две понуди на маса, а ако се оди според планот, продажбата би можела да се реализира до крајот на месец јуни.


 
 
 

Comments


bottom of page