top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Марка“: Асенсио блиску до прифаќање на понуда од Премиер лигата

Шпанските медиуми веќе најавија дека Марко Асенсио ќе го напушти Реал Мадрид, а „Марка“ денеска го најави и неговиот следен клуб. Асенсио добил примамлива понуда од Астон Вила и големи се шансите да го засили тимот предводен од Унај Емери, шпанскиот стручњак кој инсистирал да го добие шпанскиот репрезентативец за сезоната во која премиерлигашот ќе има поголеми амбиции. „Марка“ тврди дека токму Емери лично комуницирал со Асенсио и го убедувал дека трансферот во англиското првенство ќе биде добро и за неговата кариера, очекувано гарантирајќи му и многу поголема минутажа од таа што ја има во Реал Мадрид. Токму минутажата е главна причина што Асенсио реши да се раздели со Реал, иако тренерот Карло Анчелоти веќе потврди дека би сакал и во иднина да смета на овој фудбалер, а раководството немало ништо против за продолжување на соработката дури и со подобри финансиски услови за играчот. „Марка“ тврди дека Асенсио е блиску да го потврди трансферот, иако засега не ја дал конечната потврда за преселба во Англија. Доколку го стори тоа, со Вила ќе настапува и во Конференциската лига.


0 views

Komentar


bottom of page