Марија Берегова, новиот пламен на Ди Каприо, пазарува долна облека во Лондон
Таблоидите ја наведоа како причина за крајот на четиригодишната врска меѓу Леонардо ди Каприо и Камила Мороне, откако беше обелоденето дека тој се дружел со неа уште во јули за време на патувањето во Сен Тропе. А во петокот, Марија Берегова беше забележана како купува долна облека во Лондон, само неколку дена по веста дека актерот се разделил од својата девојка Камила. Украинската манекенка (22) го покажа своето затегнато торзо со кроп топ од Шанел и фармерки на прошетка во британската метропола, каде што моментално живее. Папараците ја уловија додека одбира долна облека, а потоа и излегува со купени парчиња од брендот „Ла Перла“, според хартиената торба што ја носи. Нов пламен? Леонардо уште во јули беше фотографиран со украинската манекенка за време на неговото патување во Сен Тропе. „Дејли мејл“ откри дека Берегова била во Сен Троп кратко по разводот од сопругот Абделхафид (30) – чиј дедо бил послушник на либискиот диктатор, полковникот Моамер Гадафи. Украинската убавица почнала да го користи своето моминско презиме додека била на патувањето. Берегова е израсната во Швајцарија, а моментално живее во Лондон и студира за да го преземе фармацевтскиот бизнис на своето семејство. „Сан“ објави дека Леонардо и неговата сега веќе поранешна партнерка, Камила, тивко ја завршиле својата врска. Разделбата се случи непосредно по нејзиниот роденден во јули – што резултираше со шеговити коментари на сметка на актерот околу неговиот избор на партнерки. Се чини дека новата романса го зајакна непишаното правило на ѕвездата на „Беше еднаш во Холивуд“ – никогаш јавно не излегува со жена на возраст над 25 години.
Kommentare