Мари: Ѓоковиќ е светски рекет број еден, а јас играм со метал во мене
Енди Мари успеа да го совлада Денис Шаповалов со 2:1 во сетови по нешто повеќе од два часа игра, што автоматски значеше дека си закажа прва пресметка со Новак Ѓоковиќ по пауза од пет години. Британецот мина низ многу тежок период во изминатите неколку сезони и последната пресметка со Ѓоковиќ датира од 2017-та година, но бидејќи станува збор за еден од неговите најголеми ривали, Мари направи најава за мечот од третата рунда на Мастерсот во Мадрид. – Во теорија, не би требало да имам никаква шанса на тој меч. Новак е светски рекет број еден, а јас играм со метален колк. Во реалност, не би требало да имам шанса. – Како и да е, со нетрпение ќе го чекам тој меч. Тоа ќе ми каже на кое ниво ми е мојата игра во моментов. Водевме големи битки во текот на нашите кариери, на најважните турнири во светот. – Игравме финалиња на сите четири грен слем турнири, игравме и овде финале и долго немав прилика да играм против него на официјален меч, – изјави Мари.
Comments