Мари: Среќен сум поради Ѓоковиќ, но ќе мора да објасни уште некои работи
Новак Ѓоковиќ ја доби судската битка и како слободен човек се подготвува за настапот на Австралија Опен со тоа што се уште постојат одредени нејаснотии, најави дека можеби повторно ќе му биде укината визата.
Засега австралиските власти немаат повлечено таков потег и Новак може да се спрема за големиот предизвик во Мелбурн, а во меѓувреме секако имаме многу реакции, различни ставови, па така свој збор имаше и некогашниот најдобар тенисер на светот, Енди Мари.
-Очигледно победи на суд и тоа се многу позитивни работи за него. Се надевам дека сега ќе може да се концентрира само на тенисот, -рече Шкотот кој бара уште некои одговори во врска со безбедноста на играчите во Мелбурн.
-Мислам дека има уште неколку прашања на кои треба да се одговори кога станува збор за изолација и такви работи. Сигурен сум дека Новак ќе ни каже нешто повеќе на таа тема во следните неколку дена. Но, тука сум да се обидам да играм, да победувам и да освојувам турнири, -порача Енди кој настапува на турнирот во Сиднеј.
Comments