top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мари знае кого сака да тренира: Вредно работат и го сакаат овој спорт

Енди Мари веќе подолго време не игра на највисоко ниво, причината за тоа се повредите, но како голем борец не се предава и се уште е присутен на сцената обидувајќи се да ги надмите сите проблеми и очекувања.

Шкотот има три грен слем титули, има две златни медали на Олимписките игри и како таков заслужува голем почит и внимание. Енди веќе има 35 години и сигурно размислува за пензија, но би можел да остане во светот на белиот свет и тоа како тренер.

Тоа може да се заклучи по одговорот за тоа кого тој би сакал да тренира од денешните тенисери, тенисерки.

-Кога станува збор за женскиот тенис би сакала да ја тренирам Ема Радукану, а во машка конкуренција Карлос Алкарас, Стефанос Циципас или Џек Дрејпер.

-Работат напорно и ми се чини дека го сакаат овој спорт. Алкарас и Циципас се уште немаат освоено слем, а се уште се многу млади и мислам дека имаат голем потенцијал, -порача Енди.


1 view

Comments


bottom of page