top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мари го истролал Федерер по пристигнувањето во Базел


Енди Мари се обидува да го подобри пласманот на АТП листата и реши да настапува на турнирот во Базел, каде првпат по долго време во конкуренција за настап не беше Рожер Федерер.

Федерер десет пати го освои турнирот во родниот град и традиционално учествуваше на него, но неодамна и официјално ја заврши кариерата, па овој пат може да биде само гостин во ВИП ложата.

Затоа Мари се врати во Базел по цели 15 години, а на медиумите им открил дека го истролал својот колега веднаш по пристигнувањето во швајцарскиот град.

– Кога слетав во Базел му напишав на Роџер: Само што слетав во градот на еден од најдобрите спортисти во светот – Гранит Џака.

– Знам дека Гранит е од овде бидејќи сум голем фан на Арсенал, а тој игра одлично сезонава, – изјавил Мари.


1 view

Comments


bottom of page