top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Марвел“ открива сет Infinity Stones проценет на 25 милиони долари заедно со ракавица

Поминаа седум филма од падот на злобниот Танос, но тоа не ја спречи ракавицата на бесконечноста (Infinity Gauntlet) постојано и повторно да се вклучува во разговор.

А изминатиов викенд студиото „Марвел“ го откри својот најскап производ досега – „Марвелова колекција скапоцени камења на бесконечноста“. Вистинската ракавица содржи шест скапоцени камења – рубин, смарагд, сафир, дијамант, гранат и аметист.

Но, дури и да ги имате сите овие камења, не е доволно, бидејќи ќе ви треба соодветен сад за да се смести толкава моќ. Ексклузивната ракавица на бесконечноста е приспособена за да ги смести овие скапоцени камења.

Камењата на бесконечноста (Infinity Stones), сет од шест незамисливо моќни камења, се измислени предмети во кинематографскиот универзум на „Марвел“.




3 views

Comments


bottom of page