top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мараја Кери ќе ја отвори парадата за Денот на благодарноста

Детскиот сон на Мараја Кери ќе се оствари кога ќе ја отвори традиционалната парада на Денот на благодарноста организирана од синџирот стоковни куќи „Мејси“. Поп-ѕвездата (52) – позната по револуционерниот празничен хит All I Want for Christmas is You – се огласи на социјалните мрежи за да ги информира своите фанови дека ќе настапи на годишната парада на стоковната куќа „Мејси“ во Њујорк в четврток (24 ноември). „Мојот детски сон оживува! Оваа година ќе ја отворам парадата на Мејси за Денот на благодарноста“, напиша таа на Инстаграм и ја означи стоковната куќа во објавата.


1 view

Comentarios


bottom of page