top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мараја Кери најави божикна колекција

Мараја Кери лансира нови производи за претстојните празници. Авторката на безвременсиот хит All I Want For Christmas Is You (Сè што сакам за Божик си ти“), која често ја нарекуваат кралицата на Божик благодарение на нејзините божикни евергрини, ја сподели најавата во твит во вторникот. Празничната линија вклучува џемпери за кучиња, топки, чорапи, ќебиња и многу повеќе. „Не сум сигурна дали сте свесни, но Божик е некако моја работа! Ха, ха! Возбудена сум што можам да ја споделам мојата лимитирана празнична колекција со вас! Нарачајте однапред во Coming Soon на Target и Wal-Mart,“ напиша поп-ѕвездата на „Твитер“.




2 views

Comments


bottom of page