top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мараја Кери и Мили Боби Браун работат на заеднички проект

Музичката ѕвезда Мараја Кери кратко го искоментира навестувањето на младата актерка Мили Боби Браун за соработка. Главната хероина на популарната Нетфликс-серија Stranger Things, неодамна, во ток-шоуто на Џими Фалон , спомна потенцијален музички проект со поп-ѕвездата. А во петокот и Мараја гостуваше во „Д’ тунајт шоу“, но не сакаше да открие повеќе детали за потенцијалниот заеднички проект со Мили. Пејачката на божиќниот мегахит All I Want for Christmas Is You рече: „Можеби не е само музички. Не знам. Не можам да кажам што е тоа. Тоа се забавни работи“. 18-годишната Мили смета дека Мараја е ментор во нејзиниот живот, а пејачката го потврди тврдењето на својата пријателка дека прави хитови кога двете заедно јадат кинеска храна.



1 view

Comments


bottom of page