top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мараја Кери доби тужба за култната All I Want for Christmas Is You

Текстописец поднесе тужба против Мараја Кери за наводно кршење авторски права со нејзиниот божикен хит од 1994 година All I Want for Christmas Is You („Сè што сакам за Божик си ти“) и тврди дека напишал песна со истиот наслов пет години пред таа на Кери. Во жалбата поднесена до федералниот суд во Њу Орлеанс, Енди Стоун, меѓу другите барања, бара отштета од најмалку 20 милиони долари од Кери, нејзиниот коавтор и од компанијата „Сони мјузик ентертејнмент“ за прекршување авторски права и проневера. Стоун, кој настапува како Винс Венс со кантри-поп бендот „Винс Венс“ и Валијанс, ги обвини горенаведените дека незаконски ја искористиле „неговата популарност и уникатен стил“ и предизвикале конфузија со снимањето на поновата песна без негова дозвола. Песните на Кери и Стоун се разликуваат и со текст и со мелодија. Портпаролите на Кери и „Сони мјузик“ не одговорија веднаш на барањата за коментар. Песната на Кери и долго време беше најслушан сингл за време на празничната сезона. All I Want for Christmas is You на Мараја Кери – еден од најслушаните божикни хитови на сите времиња – се појави на нејзиниот албум „Среќен Божик“ во 1994 година и беше на врвот на топ листите во неколку земји. Според некои медиуми, оваа песна ѝ донела на пејачката заработка од над 60 милиони долари до 2017 година. Песната е емитувана милијарда пати на „Спотифај“.


1 view

Comentarios


bottom of page