top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мараја Кери ги изненади своите близнаци на Бадник, на санка заедно со Дедо Мраз

Тргни се, Дедо Мраз! Мараја Кери на своите 11-годишни близнаци Марокан и Монро им овозможи ултимативното празнично искуство на Бадник. Тие се возеа на специјална санка што ја влечеа ирваси, а покрај нив седеше Дедо Мраз. Првата на топ-листите пред и во текот на божиќните празници сподели фотографии од вечерта што личеше на бајка. Таа деновиве е на одмор во Аспен, Колорадо, заедно со своите деца. Мараја (52) е сопственик на етерот секоја празнична сезона. Кралицата на Божиќ, како што ја нарекуваат медиумите, се облече во свечен црвен костим со бело крзно, што потсетува на корицата на нејзиниот култен албум.



1 view

Comments


bottom of page