Search
Манчини ќе повика фудбалер на Бока во италијанската репрезентација
Роберто Манчини ќе направи интересен потег, повикувајќи фудбалер роден во Аргентина за настап во италијанската репрезентација.
Се работи за Матео Ретеги, кој настапува за Тигре (позајмен од Бока Јуниорс), има италијанско потекло и со тоа може да биде во комбинација за актуелниот европски шампион.
Ретеги има 23 години и е роден во Сан Лоренцо, а Манчини ќе му даде шанса поради проблемите со офанзивните фудбалери во пресрет на квалификациските натпревари.
Според италијанските медиуми, Ретеги прифатил да настапува за Италија, откажувајќи се од опцијата да биде потенцијален аргентински репрезентативец.
Италија ја очекуваат натпревари со Англија и Малта.
Comments