top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Манчини се отвори и го обвини претседателот на федерацијата за својата оставка

Роберто Манчини првично ги смируваше страстите по објавената оставка, образложувајќи ја како одлука донесена од лични причини, но ја отворил душата во интервјуто за „Ла Република“.

Досегашниот италијански селектор го посочил претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина, како главен виновник што морал да се реши на изненадувачки потег и да го напушти националниот тим на 25 дена пред дуелот со Македонија во квалификациите за ЕП 2024.

– Ако сакаше, Гравина можеше да ме задржи. Му објаснив дека во овој период ми треба мир и поддршка, но тој делуваше поинаку и морав да заминам.

– Гравина цела година се обидува да го револуционизира мојот стручен штаб, му посочив дека може да додаде неколку имиња, но не и да го разделува мојот тим на различни позиции, – истакнал Манчини, алудирајќи на новиот систем во менаџирањето со репрезентациите.

Манчини признал дека барал од Гравина да ја елиминира клаузулата според која би добил отказ ако Италија не се пласира на ЕП.

– Тоа го побарав за да имам повеќе мир и тишина наредните месеци, а секако самиот би заминал доколку доживееме таков неуспех, – вели поранешниот италијански селектор.


0 views

Comments


bottom of page