top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Манчини потврди дека Агуеро дефинитивно се повлекува: Многу ми е жал за него

Селекторот на репрезентацијата на Италија и некогашен тренер на Манчестер Сити, Роберто Манчини го потврди она што веќе на големо се зборува во јавноста, дека Серхио Агуеро ќе стави крај на својата играчка кариера.

Од Барселона објавија дека ќе имаат прес конференција на која ќе се обрати Агуеро и на која ќе ја изнесе финалната одлука околу неговата иднина, а многу од медиумите веќе објавија дека тоа ќе биде предвремено пензионирање поради проблеми со срцето.

Дека ваквите написи се вистинити потврди и Манчини кој му беше тренер на Агуеро во тимот на Манчестер Сити.

– Навистина ми е многу жал, му посакувам се најдобро. Жал ми е што заминува толку рано. Јас бев тој кој го сакаше во Сити, тој е странецот со најмногу голови во Англија и жал ми е што мора да го напушти фудбалот толку рано, -изјави Манчини.

Манчини го водеше Манчестер Сити о 2009 до 2013 година, а Агуеро пристигна на „Итихад“ во 2011 година.


3 views

Comentarios


bottom of page