Манчини: Нема да ни биде лесно против Македонија
- Aleksandar Santovski
- Mar 21, 2022
- 1 min read
21.03.2022 Mart Ponedelnik
Италијанскиот селектор Роберто Манчини денеска одржал прес-конференција, со која официјално го најави почетокот на подготовките на „азурите“ за мундијалскиот плејоф.
Предводникот на актуелниот европски првак располага со голем и квалитетен состав, со кој првично треба да ја пречека Македонија во Палермо, а во евентуалното финале ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.
Јасно е дека Италијанците се големи фаворити, но Манчини повикува да се задржи концентрацијата на „Ренцо Барбера“.
– Не смееме да размислуваме дека лесно ќе го добиеме првиот натпревар. Нема да ни биде лесно, а згора на тоа, по само четири дена треба да играме уште една средба, – изјавил Манчини.
– Верувам во моите фудбалери бидејќи тие се големи професионалци и играчи кои го освоија Европското првенство градејќи од нула и кога никој не веруваше во нив, – вели италијанскиот селектор.

Comments