top of page

Манчини: Како да беше прикладно да примиме гол во 92. минута

Updated: Mar 25, 2022

24.03.2022 Mart Cetvrtok

Италијанскиот селектор Роберто Манчини не сакаше да зборува за својата иднина по поразот од Македонија во баражот на Светското првенство, велејќи дека ова му е најголемото разочарување во неговата кариера.

„Како што ЕУРО беше најпрекрасното искуство во мојот живот, ова беше најголемото разочарување. Не можеме да кажеме ништо, тоа е фудбалот, понекогаш неверојатните работи се случуваат, како сега. Не требаше да бидеме во ваква позиција, но дадовме максимум за победа. Победата на ЕУРО беше целосно заслужена бидејќи игравме добар фудбал. Потоа дел од среќата која ја имавме на тој турнир се претвори во тотална лоша среќа и од септември ни се случија некои неверојатни работи. Доминираве како група, ни беше потребна само една топка да влезе со среќа, но не беше така. Вечерва, како да беше прикладно да примиме гол во 92. минута. Сега сме премногу разочарани да зборуваме за иднината“, вели Манчини.



 
 
 

Comments


bottom of page