Манчестер Јунајтед ќе гради стадион со 100.000 седишта
29.07.2024 Juli Ponedelnik
Новото раководство на Манчестер Јунајтед размислува за изградба на целосно нов стадион, за што би била направена инвестиција од 2 милијарди фунти.
Џим Ретклиф сака да изгради „Вембли на северот“, стадион кој би имал капацитет од 100.000 седишта и би добил предност во однос на реновирање на актуелниот „Олд Трафорд“.
Специјална тричлена комисија во која членува и Гери Невил веќе одржала неколку состаноци и се одлучила да се изработи почетен проект за нов стадион, посебно што реновирањето на актуелниот стадион би траело подолго и би чинело 1,2 милијарди фунти.
Во инвестираните 1,25 милијарди фунти од Ретклиф при купувањето акции во Манчестер Јунајтед се вклучени и 237 милиони фунти за вложување во инфраструктурата, а милијардерот очекува одредена финансиска поддршка и од локалните власти и од државата.
Манчестер Јунајтед нема ни реална алтернатива за одигрување на натпреварите на друг стадион, по примерот на Тотенхем кој играше на „Вембли“, додека го градеше новиот стадион на местото на стариот „Вајт Харт Лејн“.
Comments