Манчестер Јунајтед ја потврди принудната пауза на Рашфорд
Манчестер Јунајтед денеска официјално потврди дека повредата на Маркус Рашфорд не е наивна и напаѓачот оди на принудна пауза во важен момент во сезоната. Рашфорд се повреди за време на победата над Евертон во Премиер лигата и сега ќе паузира на следните неколку натпревари. Клубот не даде поточна информација за тоа колку долго ќе паузира Рашфорд, но очекува тој да се врати во составот пред крајот на сезоната. Денешната информација е потврда дека Рашфорд нема да биде во составот за дуелот со Севилја во Лига Европа, но и на неколку наредни премиерлигашки пресметки на „црвените ѓаволи“. Неговиот клуб се бори за место во Лигата на шампионите и следната сезона, како и за трофеите во ФА купот и Лига Европа, па отсуството на Рашфорд ќе биде голем удар за менаџерот Ерик тен Хаг. Покрај двомечот со Севилја, Јунајтед за викенд се среќава со Нотингем, за на 23 и 27. април да има посериозен предизвик во дуелите со Брајтон и Тотенхем.
Bình luận